Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По САД, и Франција и Велика Британија дадоа дозвола Украина да ја нападне Русија со ракети со долг дострел

/

пред 686 дена

Сподели преку :

По САД, Велика Британија и Франција донесоа одлука со која им дозволуваат на Украинците да напаѓаат цели длабоко во Русија со нивните ракети „SCALP“ и „Storm Shadow“. Ова за Ројтерс го потврдиле извори запознати со одлуката.

Промената на политиката дојде откако стана јасно дека Русија ги пополнува сопствените сили со севернокорејски војници и ги испраќа во битка против украинската армија. Вклучувањето на Северна Кореја во војната, како што потсетува Ројтерс , предизвика тревога во Вашингтон и Киев.

Дострелот на овие ракети е уште поголем од американските „Атакамс“ и може да достигнат мета на оддалеченост од 450 километри. За сега нема коментар за ваквите одлуки од страна на Кремљ.