Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Товарен воз излета од шини меѓу станиците Зелениково и Кадина Река- Претпладнево е пуштена во сообраќај

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Сообраќајот помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ беше во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излезе од шините, информира Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Скопје, повикувајќи се на Македонски железници. Во несреќата нема повредени лица.

„Екипи од Македонски железници се на терен и работат на решавање на ситуацијата“, изјавија од ЦУК.

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: По интервенција на надлежните тимови на Железници, пругата е ослободена и пуштена во сообраќај.