Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младите во Тајван со нови работни навики

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Прекувремената  работа,  која беше вообичаена за постарите генерации во Азискте земји, помладите работници се помалку ја применуваат.

Кога ќе заврши работното време младите заминуваат без разлика дали работата е завршена до крај, нагласувајки дека треба да се има  баланс меѓу работата и животот.

Велат времето после работа им припаѓа само нив, а и со самота тоа што имаат рок до кога да работат ја зголемуваат нивната работна ефикасност.

Еден од тајванските експрети  Хунг Хсуех-чен го нагласува значењето на јасно дефинираните работни часови, тврдејќи дека продолжените часови не ја зголемуваат продуктивноста.

Хунг, исто така, ја нагласува запознаеноста на младите работници со Законот за работни односи, предупредувајќи ги компаниите за потребата да компензираат за вистинската прекувремена работа за да се спречат поплаки и проблеми со регрутирањето на нова работна сила.

Во Тајван, работното време е од 8 часа дневно и 40 часа неделно, но кај постарите генерации тоа најчесто беше само на хартија. Tие остануваа прекувремено на работа и најчесто без да бидат платени за тоа. Со младите генерации тоа станува минато бидејќи новите генерации ги познаваат законите и бараат нешто повеќе живот, а помалку работа.

Во Европските држави како Германија преку временета работа е регулирана со договори, со кои работодавацеот не може да инсистира работникот да работи прекувремено освен доколку со договорот не е предвидено , а во Шведска поголемиот дел од компаниите практикуваат работно време од 6 часа.

Мартин Трајчевски