Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

15 годишно дете изболо свои врсници во два наврати во период од три недели – вторпат во автобус на ЈСП

/

пред 685 дена

Сподели преку :

15 годишно момче во два инциденти употребило нож и избол две малолетни жртви. Обвинителството отвори подготвителна постапка против дете во судир со законот за кривично дело насилство. За малолетникот е побаран и притвор.

На 25 октомври, осомниченото дете заедно со други непознати лица, започнале разговор со малолетник,и набрзо почнале да го удираат. На крај осомничениот малолетник извадил нож и ја прободел жртвата во натколеницата.

Три недели подоцна во автобус на ЈСП Скопје, осомничениот во група извршил нанел телесни повреди со убоди со нож во главата на свој врсник. На тој начин и меѓу останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Откако е пронајден Обвинителството отворило постапка.