Кичевската полиција поднесе кривична пријава против С.Т.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Според соопштението на МВР, тој, во периодот од 08.07.2021 до 07.08.2024, во својство на директор на ЈЗУ Општа болница – Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата, како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денари.
Вредноста на апаратпт е околу 35 илјади евра. Беше дониран во време на Ковид пандемијата. Во посочениот период, на позицијата директор на болницата во Кичево беше Станко Трпески.











