Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху упади критики до администрацијата на Бајден

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ја критикуваше политиката на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во клучни моменти од војната со Хамас и Хезболах.

Тој изрази разочарување од предлозите на САД да не се влегува во Газа, особено во градовите Кан Јунис и Рафа, како и од изјавата на Бајден дека Израел ќе биде оставен „сам ако оди во тие области“.

Нетанјаху ги критикуваше и позициите на САД по нападите на Иран врз Израел, кога Вашингтон не сакал да дозволи контра-напад.

Според него, реакцијата на Израел на нападите беше неопходна, бидејќи не можело да се дозволи неприфатлива неактивност.

Израелскиот премиер објасни дека заштитата на северните граници на Израел бара систематски напори за спречување на можни напади од страна на Хезболах.

Во исто време, ги опиша тековните напори на Израел да ја поткопа моќта на Хамас во Газа и да ги врати заложниците, што вели дека е негов приоритет.