Квалитет наспроти квантитет, промена на концептот на финансирање на високото образование, воведување на бесплатно образование, согласно праксата на земјите во регионот, подобрување на студентскиот стандард преку мерките што ги има МОН, формирање на Националното студентско тело и негова афирмација преку носење на закон за студентско организирање, дигитализација во високото образование и интернационализацијата и поголема автономија на универзитетите, се седумте клучните цели што студентите ги имаат поднесено до министерската за обрзование и наука, истакна Александар Николовски, претседател на универзитетско Собрание на УКИМ, во вечерашнбата дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Квалитетот е приоритет. Сметаме дека може многу да се развива. Имаме преголем потенцијал, но имка и многу негативни страни кои што во моментот треба да подлежат на длабоки реформи, суштински. Да не биде секоја година да носиме нова стратегија, туку да се донесе стратегијата и активно да се работи на истата“, потенцира Николовски.











