Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синот на норвешката принцеза уапсен поради обвинени за силување

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Посвоениот син на норвешкиот престолонаследник Принцот Хакон, е уапсен под обвинение за силување. Мариус Борг Хојби е син на принцезата Мете Марит од нејзиниот претходен брак, и нема никакви титули ниту официјални должности.

Ова не е прв пат Хојби да биде обвинет за сексуално насилство. Против него веќе се водат истраги за четири различни случаи на сексуално насилство, како и неколку процеси кои се однесуваат за нанесување материјална штета и нарушување на јавниот ред. Синот на норвешката принцеза ги негира тврдењата на жртвите.

Норвешката круна одби да ги коментира последните испади на синот на принцезата, поради кои полицијата изврши и претрес на неговата резиденција во кралската палата Скаугум.

Хојби претходно беше обвинет за злоставување на поранешните девојки Џулијан Снекештад и Нора Хаукланд.