Нема да дозволиме да имаме 80 отсто редовни професори во државата, да имаме 1.400 студиски програми во една мала земја. И на студентите, и на професорите и на ректорските управи им пречи толкав број на студиски програми во кои студентите ја губат својата основна струка, вели Солза Грчева, национален координатор за високо образование, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Кога одите на лекар, сакате пред себе да имате лекар кој што знае да ве лечи, а не некој што ќе има софт скилс и ќе знае да ми прави табели во ексел. Стигнавме дотаму што веќе не се знае што се предава на нашите факултети. На електро факултет, половина од студентите магистрираат на проектен менаџмент. Што е важно тоа за еден електро факултет. Утре не ќе може да работи на една трафостаница, да ја поправи. Ние си ги загубивме струките, а тоа го дозволи овој наш накажан закон“, смета Грчева.











