Ако САД ја прекинат поддршката, Украина ќе ја загуби војната со Русија, оцени украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во интервју за „Фокс њуз“, тој рече дека, иако Украина има сопствено производство на оружје, тоа не е доволно и оти Киев ќе продолжи да се бори независно од одлуката на САД.
„Ако ја намалат помошта, мислам дека ќе загубиме. Имаме производство, но тоа не е доволно за победа, Мислам дека не е доволно за опстанок“, рече Зеленски.











