Состојбите со животната средина во Македонија и реалноста не одат во прилог на уставната заложба за здрава животна средиина утврдена и во највисокиот акт на нашата земја во член 43 од Уставот рече Зибери на почетокот на дводневната Меѓународна конференција на народни правобранители и национални човекови права и Институциите за животна средина.
Нехуманата градежна експанзија и интензивното користење на минералните суровини, дивите депонии и горењето на насобраниот отпад веќе ни ја испорачаа сметката, додаде тој.
Надлежните институции велат дека конечно треба да се занимаваме со причините, а не со последиците.
- Заклучно со месец октомври има 40- ина претставки, се разбира не само за квалитетот на воздухот, туку и за други прашања во сферата на животната средина, 20 се за квалитетот на воздухот. Но се разбора темата животна средина е многу поширока и опфаќа цела палета на проблеми- Насер Зибери, народен правобранител.
- Прво решение на коешто сакаме да се нафатиме е гасификација на урбаните средини , да го вратиме проектот и спешно да го тераме до крај, бидејќи тоа е долгорочно решение. Значи нов извор за греење, поевтин и кој нагло ќе го намали загадувањето, посебно во урбаните средини, во градовите. Се размислува и термоелектраните кои што се на јаглен и кои треба да се затворат до 2030 та да се заменат со гасни централи со нови системи- Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина.
- Нашиот регион има заедничка географија и исти проблеми како што се загадување вода и воздух, се поголемо влијание на климатските промени. Западен Балкан и соседите имаат итна потреба да ги заштитат природните ресурси и да ги спасат ранливите заедници- Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП.











