Докторите од Клиниката за пулмологија и членови на Македонското респираторно здружение апелираат за поригорозен Закон зa заштита од пушење, оти според најновата статистика, 45 отсто од популацијата во Македонија пуши цигари.
Докторите апелираа во чест на 20 ноември, Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест дека пушењето е главен ризик фактор за оваа болест.











