Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Град Скопје ја поздрави одлуката на владата за отворање на државните нафтени резерви за позајмица на ЈСП Скопје

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Град Скопје ја поздрави одлуката на владата за отворање на државните нафтени резерви за позајмица на ЈСП Скопје за надминување на кризата во јавниот превоз во главниот град.
„Ја поздравуваме одлуката на Владата со која, конечно, се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает, и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните. Потсетуваме дека Владата сè уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскипт стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието“, се вели во соопштението на Град Скопје.
Дополнително, од Град Скопје ја повикуваат „советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го следи позитивниот пример на Владата и разумно, со грижа за интересот на граѓаните како приоритет, да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз“.
„Апелираме на следната седница, конечно, по повеќе од две години советниците да ги изгласаат точките за нови автобуси за ЈСП, како и за отпочнување на реализација на проектот за БРТ каде се предвидени дополнителни 60 автобуси, адаптирано согласно ветувањата од програмата „За Модерно Скопје“. Важно е и советниците да заземат став за барањата на приватните превозници што како одлука единствено тие можат да ја донесат за во целост да се нормализира јавниот превоз“, се додава во дописот од Град Скопје.