Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петровска во „Вин-Вин“: Премиерот и претседателката не покажаа политичка зрелост, требаше да бидат меѓу првите со честитки за Шекеринска

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Задоцнета е реакцијата и на премиерот на владата и на претседателката на државата, која воедно е командант на македонските вооружени сили. Мислам дека не покажаа политичка зрелост, бидејќи требаше да бидат меѓу првите кои ќе честитаат за добивање на значајната позиција, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ и поранешна министерка за одбрана, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма, во врска со изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО.

„Процесот на селекција за позициите во НАТО, вклучително и оваа, но и сите останати, не оди по клуч дека некоја земја ќе добие место, „па ајде сега номинирајте вие“, туку навистина е лична заслуга и сиот кредибилитетот кој што кандидатот, во случајот Шекеринска го има. Меѓутоа и бекраундот што таа го има и како исклучително добар дипломат, меѓутоа и познавач во областа на одбраната“, смета Петровска.