Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И жителите на Шуто Оризари на протест поради кризата со јавниот превоз

/

пред 682 дена

Сподели преку :

И градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, за денеска најави протест пред Град Скопје. Тој вели дека жителите на општината се соочуваат со големи потешкотии, поради долгото чекање на автобусите и недостатокот на јавен превоз, што особено се чувствува во зимскиот период.

Протестот ќе биде мирен, а Дудуш ги повика сите граѓани на Скопје да се приклучат, бидејќи проблемот не е само на Шуто Оризари, туку го засега целиот град. Линиите во Општина Шуто Оризари ги покриваат автобусите на приватните превозници, но поради нивниот бојкот, жителите на оваа скопска општина превоз имаа само во попладневните часови поради што се интервенираше со пуштање линија и од ЈСП. Но, проблемот со нафтата го нарушија распоредот на возилата.