Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамно

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека издавањето на налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од Меѓународниот кривичен суд (МКС) е „срамота“, пренесе Белата куќа.

„Издавањето на налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд е „срамота“ за израелските лидери. Дозволете ми уште еднаш да бидам јасен – што и да имплицира МКС, не постои еквивалентност меѓу Израел и Хамас. Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите по неговата безбедност“, рече Бајден.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана, Јоав Галант и убиениот лидер на Хамас, Мохамед Деиф под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.