Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силен ветар оштети покрив на средното електромашинско училиште во Штип

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Силниот ветар со брзина од над 75 километри на час оштети дел од кровот на средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип.

Директорката на Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“-Штип вели дека кога паднал дел од кровот нема повредени ученици и наставници, наставата се одвива без проблеми.

Утринава учениците и наставниците биле информирани да не излегуваат надвор во дворот на училиштето.

Попладнево ветрот  однел и дел од кровна конструкција на станбена зграда во штипската населба Автокоманда. Силниот ветар во Штип остави и неколку населби без улично осветлување, испокинати се електрични кабли, како и кабли на кабелските и интернат оператори.

Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов информира дека екипите на штипските јавни претпријатија, како и пожарникарите се на терен и веднаш реагираат по пријавите на граѓаните. На повеќе локации поради силината на ветарот има и паднати дрвја и гранки, има пријава и за оштетен автомобил.

Од ЦУК информираат дека неколкупати е известена и дежурна служба на ЕВН за ризични електрични столбови, кои се навалени и исфрлаат искри од жиците, поради последиците од ветерот и тоа на териорија на општините Штип, Кочани и две села.

Според исвестувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

Викторија Димитрова Јованова