Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нотстајн: Транспарентноста е исклучително важна за обновување на довербата кај граѓаните

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Транспарентност е многу важнa за довербата кај јавноста во обвинителствoто бидејќи ние работиме за граѓаните и сме чувари на моќта на јавноста, вели американскиот федерален обвинител за гонење корупција Питер Нотстајн, кој неделава споделуваше искуства во борбата со корупцијатта со македонски обвинители, судии, истражители, ревизори за борбата со корупцијата.

Постојат три работи кои се навистина клучни за градање на антикорупциски систем, или апарат кој ќе ја гони корупцијата. Тоа би биле интегритетот, ресурсите и тимската работа. Значи на прво место е интегритетот. Исклучително важно е сите во истрагата и гонењето на корупцијата да ѝ пристапуваат на својата работа со многу интегритет. Тоа значи истражување на случаи без политички притисок, следење на доказите до крај, и инсистирање на строга регулатива како гаранција дека вашите случаи се заштитени додека не дојде време за поднесување обвинение и судење. Мислам дека исто така важно е сите да ги имаме соодветните ресурси. Каде и да сте, ресурсите секогаш се ограничени, и борбата против корупцијата насекаде би имала придобивки со повеќе ресурси. Дали станува збор за финансирање за опрема, обуки на луѓе, софтвери, навистина е важно. Всушност, времето е одличен ресурс кој на сите ни е потребен. Понекогаш некој дел од истрагата може да трае подолго од остатокот, и затоа многу е важно да работите колку што може побрзо и по ефикасно за да стигнете до обвинението и разврската. Нешто што може да помогне во тоа, а кое го спомнав како последно, е тимската работа. Најголемите успеси во САД сме ги постигнале кога нашите обвинители соработеле меѓусебе, кога истражните органи соработувале заедно и се поддржувале, без разлика дали биле истражители, финансиски истражители, ревизори, регулатори, рече Нотстајн.

Во интервју за Телма открива што е клучно, но и кои се предизвиците во гонењето корумприани функционери.

Кога истражувате многу моќна личност е дека таа личност ќе има одлични ресурси, ќе биде добро позната и ќе има доверба кај општеството. Како обвинител ако имате валидни докази дека таа личност е корумпирана, ќе бидете пред голем предизвик да ги убедите поротата, судијата, народот дека таа личност во која тие имале доверба и ѝ дале власт бидејќи верувале дека добро ќе работи, всушност прави нешто лошо, нешто незаконско. Што научив јас од тоа? Дека јавниот обвинител за корупција треба да биде сигурен дека има несоборливи докази дека таа личност прави нешто лошо. Пак ќе повторам, за тоа е потребна многу тимска работа и планирање од обвинителот и истражителите, да се осигураат дека знаат како да ги откријат доказите дека таа личност знаела дека тоа што го прави не е добро, дека всушност направила коруптивна зделка. Потоа, проследување и на финансиската истрага, исто така, за да со сигурност покажете на кој начин личноста ги добила парите, што направила со нив, дали кријат средства, што би ни дизволило откако ќе има пресуда според законот, да ги конфискуваме тие средства таму каде што е потребно и да ја спречиме добивката од криминалот, рече Нотстајн.