Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје

/

пред 681 дена

Сподели преку :

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев во интервју за телевизијата Ал Арабија истакна дека Москва не сака да биде употребено нуклеарно оружје.

Употребата на нуклеарно оружје во согласност со нашата доктрина е последната опција. Воопшто не сакаме тоа да се случи. Никој не е луд во руското раководство, наведе Медведев.

Според него, конфликтот во Украина може да биде прекинат без дополнителни загуби за човештвото доколку НАТО престане да го разгорува огнот на војната.

Медведев наведе дека украинските напади со оружје со долг дострел само ја отстрануваат можноста за преговори.

Тоа нема да помине без последици. Ова, се разбира, важи и за преговорите, кои сè уште се далеку, а настаните како овој само ги оддалечуваат. Но, тоа важи и за целата ситуација, истакна Медведев.