Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ на 30 Конгрес избира ново раководство на партијата

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржа продолжението на 29 конгрес на партијата, кој беше прекинат на 9 Јуни затоа што немаше кворум, пред почетокот на 30-от. На 29-от конгрес беше изгласана недоверба на Централниот и Надзорниот одбор, а беше и констатирана оставката на азаменик претседателката на партијата Сања Лукаревска.

Исто така, беше усвоен и извештајот за големиот неуспех на партијата на парламентарните и претседателски избори одржани пролетта годинава.

29 конгрес донесе одлука за измена на Статутот на партијата во делот кој се однесува на изборот на заменик претседателот на партијата. Според измените, се воведува родова еднаквост на двете највисоки партиски функции, односно претседателот и неговиот заменик ќе бидат од различен пол.

Со овие одлуки СДСМ го затвори 29-от конгрес, и започна со одржувањето на 30 конгрес на кој ќе бидат избрани новите членови на партиските органи, Централниот одбор, Надзорниот одбор, Генерален секретар и двајца организациони секретари. Спротивно на иницијалните најави, денеска исто така ќе биде избран и заменик претседател на партијата.

Според неофицијални информации до кои дојде Телма, сите досегашни членови на партиските органи се повлекле од конкуренција за резибор, односно на сите овие позиции ќе бидат избрани нови имиња.

На пролет, односно во Март догодина, СДСМ ќе организира избори за нов лидер, откако на актуелниот Венко Филипче му истекува мандатот, потврдија за Телма од партијата.

Инаку, за разлика од неуспешниот почеток на 20 Конгрес на 9 Јуни годинава, кој беше прекинат порадаи недоволниот број на присутни делегати, овој пат присуствуваат над 85% од делегатите, односни 536 од вкупно 626 делегати.