Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ноел Клеман со втор слаломски триумф сезонава

/

пред 679 дена

Сподели преку :

Ноел Клеман славеше на слаломската трка во Гургл, Австрија што се одржа денеска во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Французинот има две победи во слалом на двете сезонски трки, откако беше најбрз и минатиот викенд во Леви. Денеска Клеман победи со вкупно време од 1:46,25 минути по двете возења, втор финишираше Кристофер Јакобсен од Шведска, кој имаше 43 стотинки послабо време, а трет беше Норвежанецот, Атле Лие Мекграт.

Клеман очекувано е прв во поредокот во слалом со максимални 200 бодови, пред Хенрик Кристофересен, кој има 120, но Норвежанецот и Французинот го делат врвот  во генералниот поредок со по 200 бодови.

Светскиот куп продолжува за две недели во САД, поточно во Бивер Крик, каде ќе се возат три трки, во спуст, супер велеслалом и велеслалом.