Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице загина, а четворица се повредени при експлозија на граната на забава во хрватскиот град Книн

/

пред 695 дена

Сподели преку :

Едно лице загина, а четворица се повредени синоќа кога експлодирала рачна граната за време на забава одржана во станбена зграда во градот Книн, во јужна Хрватска, соопшти денеска полицијата.

Според првичните информации од истрагата, 25-годишно момче за време на забавата од спалната соба донело рачна граната и му ја предало на друго 25-годишно момче.

Според полицијата, гранатата експлодирала поради погрешно ракување, при што едно лице загинало, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетник.

Повредените се примени во болница во Книн и нивната состојба е стабилна, изјави извор од болницата.

Во тек е истрага за утврдување на околностите околу набавката и поседувањето на експлозивната направа.