Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италија повторно на тронот во Дејвис купот: Беретини и Синер ја совладаа Холандија

/

пред 678 дена

Сподели преку :

Италија ја одбрани титула во Дејвис купот откако денеска во финалето без загубен сет ја совлада Холандија, а победата беше решена по мечевите во сингл-конкуренција.

Матео Беретини и Јаник Синер ѝ ја донесоа победата на Италија вечерва во големото финале во Малага. Беретини го победи Ботик ван де Зандшулп со 6-4 и 6-2, а светскиот рекет број 1 Јаник Синер исто така во два сета го совлада Талон Гриекспор со 7-6 и 6-2.

Италија стана првата репрезентација што го одбранила трофејот во Дејвис купот по Чешка во 2013 година. Интересно е тоа што и женската репрезентација го освои били Џин Кинг Купот пред една недела, па Италија стана само петтата нација што славела во двете конкуренции во иста година.