Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Националниот џез оркестар в сабота со гламурозен концерт со композиции од албум на Пол Енка

/

пред 680 дена

Сподели преку :

Националниот џез оркестар в сабота ( 30. ноември) во Македонската филхармонија ќе одржи концерт со композиции од албумот на Пол Енка „ Rock Swings“. Албумот содржи нумери кои беа хитови во 80 и 90 години на минатиот век, а на концертот под диригентство на Џијан Емин, ќе бидат изведени во оригиналните аранжмани, платени за овој настан. Како специјални гости на концертот ќе настапат:  Бранислав Николов- Пијан славеј и џез вокалистите Светлана Јовановска и Џон Илија Апелгрин. Секој од нив ќе испее по четири песни од албумот на Енка.

  •  За овој концерт постоеше идеја од поодамна. На концертот одлучивме да бидат тие вокалисти зашто имаат сопствени карактери како музичари. А, концертот ќе биде гламурозен, кажа директорот на Националниот џез оркестар , Гоце Стевковски.