Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Масовни протести на грузиската опозиција против изборите на кои победи партијата „Грузиски сон“

/

пред 694 дена

Сподели преку :

Првата седница на новиот состав на грузискиот парламент мина во сенка на масовните протести на опозицијата. Дел од демонстрантите ја минаа ноќта под отворено небо, дел, пак, во шатори пред зградата на парламентот во Тбилиси која ја чуваат силни полициски сили и припадници на специјалните единици.

Опозициските претставници и нивни симпатизери протестираат поради резултатите од изборите на 26 октомври на кои владеачката партија „Грузиски сон“ освои 54 отсто од гласови. Тие обвинуваат за изборен фалсификат и изразуваат сомнеж за мешање на Русија во процесот. Власта, пак, ги отфрли таквите тврдењата на опозицијата.

Незадоволни од исходот, опозициските партии најавуваат дека нема да учествуваат во парламентарните активности. Набљудувачите рекоа дека изборите се одржале во атмосфера на „поделба“, одбележана со случаи на поткуп, двојно гласање и физичко насилство.