Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во Адвокатска Комора во Аеродром, од Комората велат дека е насилство со кое се загрозува целата адвокатура

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Искршено стакло и  непријатен мирис на изгорено сведочат за сиnоќешниот пожар во канцелариите на адвокатската комора во Аеродром.

На таблата покрај влезот испишано е „гасна комора“ и „вмро“.

Официјално причините за пожарот и презивикувачот не се соопштуваат додека трае увидот но неофцијално сториотелот ја искршил стаклената  влезна врата и по скалите тргнал кон канцелариите на мезанинот но како и со што го предизивкал пожарот треба да покажат вештачењата и снимките од безбедносните камери во комората.

Попладево полицајци го обезбедуваа местото.  Одделот за форензички испитувања при МВР, јавен обвинител и екипа од СВР Скопје вршат увид на местото соопштија од  полицијата.

-Денеска во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Методија Шаторов Шарло на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопштија од СВР Скопје. 

Жителите од зградата што ги сретнавме не беа расположени да говорат пред камерата но зад неа дел ни кажаа дека слушнале силни звуци што на моменти потсетувале на пукање а потоа како експлозија по што се вклучил алармот. Звуците среде ноќ биле вознемирувачки а чадот од пожарот го почувстувале и становите од катовите над Комората.

Адвокатската комора го  осуди за насилниот напад и ги повика институциите да дејствуваат брзо и ефективно за да ги идентификуваат и приведат одговорните . Овој чин на насилство и вандализам не смее да остане неказнет порачуваат во соопштението. Информираат дека е предизвикана значителна материјална штета, но најважно е што нема човечки жртви благодарение на брзата реакција на надлежните

-Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората. Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Северна Македонија, соопштија од Адвокатската Комора на РС Македонија. 

Поради сериозните последици во наредните денови Комората нема да работи а штетите дополнително ќе се пресметуваат.

Елена Ивановска Мукоска