Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје и утрово меѓу десетте најзагадени градови во светот

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Скопје и утрово се најде на топ десет листата најзагадени градови во светот. Според последните мерења на квалитетот на воздухот главниот град на Македонија котира на петтото место. На првата позиција како најзагаден град изби Сараево, а веднаш по нас на деветото место е Приштина.

Според податоците на платформата Ај Кју Еар концентрацијата на ПМ2,5 честичките е зголемена за 15,7 пати над горната граница утврдена од страна на СЗО и изнезува 78,7 микрограми на метар кубен, а ПМ10 честичките се со концентрација од  83,9 микрограми.

Воздухот утрово е означен како нездрав, што претставува сериозна загриженост за здравјето на граѓаните, особено во зимскиот период кога загадувањето е најизразено.