Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата на затворена седница одлучи за цената на струјата на ЕСМ за домаќинствата – која е, ќе се знае во четврток

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Владата, денеска, на затворена седница ја донесе новата цена по која ЕСМ ќе ја продава својата струја на ЕВН Хоум, а наменета е за домаќинствата. Од оваа одлука најмногу зависи какви сметки за електрична енергија ќе имаат граѓаните од јануари.

Сега мегават час на Електрани изнесува 60 евра. Од Владата неколку пати повторија дека нема да има големо зголемување, дека би било до три проценти. Односно дека цената на ЕСМ ќе се движи помеѓу 58 и 62 евра. Но каква одлука падна денеска, ќе се знае во четврток кога ЕСМ својата нова понуда ќе ја достави на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

На денешната затворена седница се донесе и одлука за цената по која ЕСМ ќе ја продава струјата на Електродистрибуција за покривање на загубите. Во меѓувреме, регулаторна треба да донесе одлука колку ќе чини преносот и дистрибуцијата. Новата цена на струјата треба да се донесе до крај на годинава, а да важи од 1 јануари.