Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се чека интервентна набавка на гориво за ЈСП, еден обид веќе пропаднал. Нафта има до крајот на неделава

/

пред 696 дена

Сподели преку :

Се трошат стоковите резерви на нафта, ЈСП засега е покриено само за до крајот на неделата.

Се чека интервентна набавка на гориво.

Според информациите на Телма, еден обид веќе пропаднал, бидејќи понудувачот не доставил целосна документација.

Но доколку пропадне и новиот оглас, министерот за животна средина најавува дека Владата повторно ќе му помага на ЈСП.

Како, не откри.

Паралелно приватните превозници деновиве се вратија на градските улици со цел.

Како што рекоа, да им излезат пресрет на граѓаните, но и со очекување дека градските власти ќе го разгледаат и прифатат нивното барање за зголемување на цената на нивната услуга по изминат километар.

Во спротивно велат дека повторно ќе се најдат во ситуација да мора да ги редуцираат автобуските линии или целосно да се повлечат до решавање на нивното барање.

Денеска пак на седница на Град Скопје една од точките кои се најдоа на дневен ред е токму оваа.

По денешната седница ќе се знае каков ќе биде исходот во насока на решавање на проблемот со јавниот превоз.