Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Косовската полиција соопшти дека непознати лица синоќа фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан, во северно Косово. Во 24-часовниот извештај на полицијата се наведува дека во случајот нема повредени.

„Звечан, 26.11.2024, 23:55 часот. Пријавено е дека непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица, каде освен материјална штета, нема повредени. Случајот е под истрага“, се вели во полицискиот извештај.

Звечан е општина во северно Косово, населена со мнозинско српско население. Како и во другите три општини во областа – Северна Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток, и во Звечан минатата година имаше големи протести на косовски Срби против преземањето на должноста на градоначалниците Албанци, откако Србите ги бојкотираа локалните избори во знак на протест против политиките на Владата во Приштина кон таа етничка заедница.

Министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља и генералниот директор на полицијата на Косово, Газменд Хоџа во понеделникот, на 25 ноември поставија камен-темелник за изградба на новата полициска станица во Звечан.