Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Менде Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ се избрани потпретседатели на СДСМ .

СДСМ вечерва ја одржува првата седница на Централниот одбор, а Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова се избрани потпретседатели.

За генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од општинската организација на СДСМ во Гази Баба. Додека за организациони секретари се избрани Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски пратеник во Собранието.