Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Масовен руски напад врз украинските електрани ширум земјата – засолништата полни со луѓе

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Масовен комбиниран напад со дронови и ракети утрово ги разбуди жителите на Киев, но и на многу други градови во земјата. Звукот на проектилите и силните детонации ги принудија луѓето да се засолнат. Од градската воена управа на Киев истакнаа дека сите ракети и дронови се пресретнати и урнати, а делови од нив направиле, како што велат, помала штета.

Украинската инфраструктура е нарушена при секој масовен воздушен напад од Русија. Во прекин е сообраќајот, децата не одат на училиште, неретко се гаси и електричната енергија за Киев. Земјата во голема мера зависи од генераторите за индустријата, за училиштата, за болниците, за критичната инфраструктура, како и за домаќинствата.

Освен во Киев, експлозии утрово одекнуваат и во Одеса, во Кропивницки, во Харков, во Ривне и во Лутск.