Собранискиот спикер Гаши е убеден дека 80 пратеници ќе гласаат за уставни измени, но клучното прашање на домашната политичка сцена е дали на патот кон ЕУ ќе се појави нова бугарска сопка. Државата инсистира на гаранции дека Бугарија нема да отвoри нови историски и идентитетски прашања.
Јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието, веднаш штом ќе има политички договор, ние сме спремни да ја почнеме процедурата. Мислам дека имаме две третини, тој процес во Собранието мислиме дека многу лесно ќе помине и ќе го реализираме, но зависи од политичкиот моментум, рече собранискиот спикер.
Дека уставните измени остануваат зацементиран услов на македонскиот евроитегративен пат, вчера јасно порача и новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос по преземањето на функцијата. Ја акцентираше неопходноста од дијалог, но не може да гарантира дека нема да се појават нови бугарски блокади.
Ние очекуваме Северна Македонија да го смени Уставот, бидејќи тоа е нешто на што сметаме, ништо помалку, ништо повеќе и сигурна сум дека тоа може да се направи. Тогаш можеме навистина многу брзо да напредуваме, изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување, веднаш откако беше избрана за еврокомесарка за проширување, изјави кос.
Изминатата недела пристигнаа низа европски пораки за наметнатиот бугарски услов, без кој Македонија не може да се помести ниту милиметар кон ЕУ. Сите инсистираа на тоа дека државата мора да ги внесе Бугарите во Уставот, но и дека менување на преговарачката рамка е речиси невозможно.
Евроинтеграциите биле и во фокус на разговорите на претседателката Гордана Силјановска Давкова и првиот човек на СДСМ Венко Филипче, во Вила Водно. Филипче, по средбата која била на негово барање, потенцираше дека и владата на СДСМ се обидела да договори уставни измени со одложено дејство, но тогашниот бугарски премиер Петков не прифатил.
Весна Јовановска Дојчиновска











