Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клековски во Вин-Вин: Центарот за трансплантација на бубрег по Ковид пандемијата е претворен во магацин

/

пред 695 дена

Сподели преку :

„Toчно 10 години или е статус кво или е назадување. Тоа е отприлика 2014 година со чести промени на министри, директори и е невозможно да остварите подолга слика. Концептот на здравствена заштита, односно основата е воспоставена уште од социјализмот, од пред независноста со модификации во примарната и секундарната заштита и цикличните интеграции и дезинтеграции на клинички центар. Меѓутоа тој модел станува неодржлив поради повеќе причини, прво се демографските причини, Македонија не само што се намалува туку и старее, тоа значи ќе имаме се повеќе корисници на здравствено осигурување и заштита кои нема да допринесуваат во фондот“ вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство.

„Во доста болници има опрема која не е отпакувана и не е во употреба, многу болници престанале да работат методологија. Центарот за трансплантација на бубрегот после Ковид пандемијата е претворен во магацин, бидејќи служел како Ковид центар ќе мора да се конструира повторно и дезинфицира и да биде ставен во употреба“ потенцираше Клековски.

„Концептот на јавна заштита каде што имаме 109 јавноздравствени установи од кои еден дел воопшто не испорачуваат никакви резултати. На 1,5 милион жители колку што мислам дека се луѓе во земјата имаме 109 здравствени установи, а тоа се 109 директори, 109 управни одбори и 109 сметководства, тоа се 109 јавни набавки, мали градови каде што има центар за јавно здравје“ објаснува Клековски. Ние се однесуваме се уште како да живееме во минатото, во некое побогато минато, да имате 4 неврохирургии надвор од Скопје, 10тина дигестивни хирургии надвор од Скопје кои не испорачуваат резултат веќе е неодржливо. Еден од концептите кои мора да ги направиме е  намалување на бројот на установи, или со функционално поврзување, или со правно поврзување и мора да профункционира регионализацијата. Во Штип ќе мора Клиничкиот центар да почне да ги опслужува пациентите“ дообјаснува Клековски.

  • „Оваа концентрација на клинички центри е неодржлива, имаме полу или дури недовршени капацитети. Ние колку и да го зголемиме финансирањето треба да ја погледнеме реалноста. Во моментот јавното финансирање за здравствените трошоци е 55 проценти, отприлика 45 проценти граѓаните го плаќаат од џеб, кај лековите е уште полошо 65 проценти граѓаните плаќаат џеб. Во такви услови ние мораме да имаме стратегија што ќе финансираме, значи ние нема шанса во зголемени потреби да ги покриеме во 100 проценти, тоа ни поразвиените земји од Македонија не го прават, а не смееме да бидеме претпоследна, бидејќи во моментот сме претпоследна земја во Европа во јавната потрошувачка и колку здравствени трошоци финансира државата. Меѓутоа колку и да го зголемиме финансирањето нема да биде 100 посто“ вели Клековски.