Италијанските синдикати излегоа на простестен марш на улиците во Рим, Болоња, Неапол, Фиренца и Палермо против владиниот закон за буџетот и ниските плати. Тие побараа зголемување на нивните плати пропорционално на високата стапка на инфлација во изминатите неколку години.
Синдикалците побараа и нови вработувања и стабилизирање на вработените со привремени договори во болниците и училиштата. Италијанската влада предводена од Џорџија Мелони во моментов расправа за законот за буџет кој се очекува да биде одобрен пред крајот на годината.
Синдикатите изјавија дека покачувањето на платите на јавните службеници вклучени во Законот за буџет не е доволно за да се пополни дупката со високата стапка на инфлација во изминатите три години. Мелони постојано укажа дека економските мерки на нејзината Влада се даночните намалувања, а не субвенции.











