Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски назначи нов командант на копнените сили на Украина

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше генерал – мајор Михаил Драпатиј за нов командант на копнените сили на Украина.

Драпатиј ќе го замени Александар Пављук, кој ја извршуваше функцијата од февруари во 2024 година, пренесува „Киев Индепендент“.

Зеленски упати пофални зборови за Драпатиј за неговата улога во организирање на одбраната на областа на Харков.

Драпатиј беше командант на 58-та одвоена моторизирана пешадиска бригада на Украина од 2016 година до 2019 година. Од мај месец оваа година беше на чело на оперативната група во областа на Харков, а од септември ја презеде и оперативната и тактичка група на силите на подрачјето на Луганск.