Седумнаесет годишен малолетник е лицето кое насилно ја отстрани таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово.
Полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот за инцидентот.
Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело.
Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава за лицето.
Сторителот е снимен како го извршува делото на бесбедносните камери, а полицијата располага со видеоматеријалот.











