Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 40 цивили загинаа во израелски напад врз зграда во бегалски камп во Џабалија

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Најмалку 40 цивили, меѓу кои жени и деца, загинаа синоќа во израелски напад врз станбена зграда во населбата Тел ал Затару, во бегалскиот камп Џабалија, на северот од Појасот Газа, јави палестинската новинска агенција ВАФА.

Агенцијата наведува дека повеќе Палестинци се уште се под урнатините на зградата.

Медицински извори соопштија дека над 100 Палестинци вчера биле убиени во израелските воздушни напади низ Газа.

Најмалку 44.363 Палестинци се убиени, а повеќе од 105.070 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од октомври минатата година, наведува палестинското Министерство за здравство на Газа.