Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силно невреме урна мост на Родос – загинаа две лица во тек е итна евакуација

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Силното невреме, кое го носи името „Бора“, го зафати грчкиот остров Родос, при што предизвика големи поплави кои предизвикаа штети.

Обилните врнежи доведоа до поплавување на куќи, деловни објекти и патишта, а во регионот воведена е привремена забрана за користење на возила на островот.

Поплавите се проширија и на островот Лимнос, каде што се потврдени две жртви.

На Родос, се примени повеќе од 650 повици за испумпување вода од страна на противпожарната служба, која евакуирала 80 лица.

Најпогоден од поплавите е градот Јалисос, а медиумите известуваат за уривање на мал мост на островот.

Противпожарната бригада предупреди дека лошите временски услови ќе продолжат и во понеделник, а портпаролот Василис Вартакоџанис изјави дека во последните години се забележува зголемена зачестеност на ненадејни поплави и грмотевици.

Невремето предизвика и прекин на железничкиот сообраќај во централните и северните делови на континентална Грција.