Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ситно хулиганство, отпор и непослушност кон полицијата – приведени 224 лица на протестите во Грузија

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Вкупно 224 лица се приведени на протестите во Тбилиси во изминатите денови поради „ситно хулиганство, отпор и непослушност кон полицијата“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Во соопштението се наведува дека се приведени три лица осомничени дека нападнале полицајци при вршење на службената должност и со палење предизвикале материјална штета и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

„Како резултат на незаконските и насилни дејствија на учесниците на синоќешниот собир повредени се 21 вработен во МВР. Некои жртви се здобиле со тешки телесни повреди на главата, лицето и телото. Во последните дејствија нарушено им е здравјето на вкупно 113 службеници на МВР, од кои четворица се уште се во медицински установи“, се наведува во соопштението.

Грузиското МВР истакнува дека и покрај постојаните предупредувања, за време на протестот некои учесници ја оштетиле зградата на Парламентот и инфраструктурата лоцирани на авенијата Руставели.