Париз повторно е под силни безбедносни мерки, како и за време на Летните олимписки игри. Викендот е најавено отворање на реновираната катедрала Нотр Дам, по пожарот во 2019 година што уништи најголем дел од објектот.
Французите очекуваат 50-тина шефови на држави и влади, меѓу кои и новиот американски претседател Доналд Трамп. За таа цел се распоредени околу 6.000 припадници на полицијата и армијата, иако безбедносните служби не откриваат сознанија за можен терористички напад.











