Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муртезани го потпиша Договорот за Инструментот за реформи и раст

/

пред 676 дена

Сподели преку :

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, го потпиша Договорот за Инструментот за реформи и раст во име на Владата со кој се утврдуваат принципите за финансиската соработка со Европската комисија, како и обврските и условите кои земјата треба да ги исполни за ослободување на средствата преку Инструментот.

Во согласност со одлуката на Европската комисија од 23 октомври годинава, која ја одобрува Реформската агенда на Македонија, Европската Унија ќе обезбеди финансиска поддршка во висина од над 215 милиони евра како неповратни средства и над 535 милиони евра како поддршка за заем.

Оваа поддршка ќе биде ослободена по позитивна оценка за исполнување на договорените услови.

Регулативата за „Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан“ има за цел да ја забрза интеграцијата на регионот со ЕУ, преку усогласување со правото на ЕУ, регионалната економска интеграција и социо-економската конвергенција.

Се очекува македонското Собрание да го ратификува договорот, со што ќе се ослободат 52,5 милиони евра, дел како заем, а дел како неповратни средства.