Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдени тела на две бебиња закопани во двор во Хрватска, уапсени родителите

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Хрватската полиција пронашла тела на две бебиња закопани во двор на куќа, во близина на Вараждин.

Според медиумите во земјата, двете бебиња најверојатно биле изгладнети до смрт. За нив немало податоци во ситемот, поради што се претпоставува дека се родени во домашни услови и никој не го пријавил нивното раѓање. Пронајдено било и трето дете, неухрането и во многу тешка здравствена состојба.

Локалните власти за хрватските медиуми потврдиле дека родителите на децата биле уапсени. Дел од нив пишуваат за сомнежи за секта, бидејќи и двајцата одбивале да зборуваат и ја читале Библијата. Брачниот пар неодамна се доселил во општината Љубешчица, жителите го забележале неухрането дете и пријавиле сомнително однесување на родителите.