Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не прифаќаме никакви алтернативи, сурогати или замени за полноправно членство во НАТО – порака од украинскиот министер за надворешни работи

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Украинскиот министер за надворешни работи, Андреј Сибиха упати остра критика до НАТО, истакнувајќи оти Киев нема да прифати било какви безбедносни гаранции, освен полноправно членство во Алијансата.

Во писмото до неговите колеги од земјите членки на НАТО, Сибиха наведе дека „полноправното членство на Украина во Алијансата е единствена вистинска безбедносна гаранција за Киев, како и средство за одвраќање на натамошна руска агресија према таа и други земји“.

„Ние нема да прифатиме никакви алтернативи, сурогати или замени за полноправно членство во НАТО“, укажа Сибиха и додаде дека само таквиот чекор ќе ја сузбие руската агресија. Тој истакна дека претходните договори се покажале безначајни, како Меморандумот од Будимпешта во 1994 година кој требаше да ја заштити Украина по нејзиното одрекување од нуклеарното оружје.

Како што наведува „Политико“, и покрај апелите на Киев, за време на самитот не се очекуваат значајни чекори во смисла на упатување на покана за членство на Украина во НАТО. Официјални претставници во Киев сè повеќе губат надеж дека Украина во скоро време ќе влезе во Алијансата. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп предложи одложување на украинското членство за период од 20 години во контекст на потенцијален мировен договор со Русија, пренесува „Политико“.