Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шеесет и деветгодишна жена починала на лице место, малолетник во болница по пад од зграда – инцидент во Кисела Вода

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Седумдесетгодишна жена и малолетник синоќа паднаа од зграда во скопска Кисела Вода, дознава Телма од очевидци на настанот. Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврди веста, со дополнување дека жената починала на лице место, а малолетникот е пренесен во Ургентниот центар за укажување на помош.

„На 03.12.2024 година во 19:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територијата на Кисела Вода, две лица. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С. (69) ОД Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишниот малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.