Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ставил рампа и наплатувал по 50 денари – обвинение против 47-годишник за див паркинг зад Поликлиника Битпазар

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против физичко и правно лице за кривично дело „Узурпација на недвижности“. Според обвинението, 47-годишник, кој е сопственик и управител на правното лице, незаконски користел земјиште во државна сопственост, позади Поликлиника Битпазар, како паркинг простор.

Тој поставил рампа и наплатен пункт, наплатувајќи по 50 денари за 90 минути, со што го ограничил и контролирал влезот и излезот од земјиштето. Обвинителот поднесе и предлог за изрекување мерка на претпазливост, со која се забранува користењето на земјиштето.