Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во училиштето „11 Октомври“ од денес ќе продолжи наставата додека во „Лазо Ангеловски“ ќе бојкотираат

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Ученик од трето одделение со насилно поведение е причината поради која денеска родителите и учениците на училиштата „11 Октомври“ од денеска започна наставата, додека во „Лазо Ангеловски“ наставата ќе биде бојкотирана. Советот на родители од „Лазо Ангеловски“ донесе одлука учениците денеска да останат дома, барајќи решавање на проблемот.

Ситуацијата се влошила по одбивањето на училиштето „11 Октомври“ да го прими малолетникот. Министерката за образование, Весна Јаневска, нагласи дека секое дете има право на образование и ако стручните лица препорачаат промена на средината, тоа треба да се реализира.

За проблемот се очекува да се изнајде решение на состанок во Министерството за образование кој неофицијално е закажан за денеска. Родителите со став доколку се реши проблемот учениците би се вратиле на настава веднаш.