Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лавров слета во Малта во прва посета на земја членка на ЕУ од почетокот на војната

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пристигна во Малта на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, што ја претставува првата посета на земја членка на ЕУ од почетокот на војната во Украина.

Лавров слета во главниот град на Малта, Валета, за да присуствува на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ. Ова е негово прво патување во земја членка на ЕУ откако ЕУ воведе санкции против него и претседателот Путин во февруари 2022 година.

На Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, не и беше дозволено да го придружува на патувањето бидејќи Малта и ја откажа визата.

Москва се повлече од голем број други европски институции, но остана да членува во ОБСЕ, гледајќи го како платформа за соопштување на својот став за војната.