Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Укинување на ДДВ на храната ќе ги намали цените и ќе им помогне на граѓаните

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Наместо неефикасни мерки со кошнички, ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати докажаните мерки на СДСМ за цените. Укинувањето на ДДВ на храната ќе доведе до реално намалување на цените на повеќе од 250 производи, се вели во партиското соопштение на опозициската партија.

Според СДСМ, оваа мерка би можела да помогне во намалување на трошоците за живот и да заштеди до 2.000 денари месечно за домаќинствата. Трошоците за живот продолжуваат да растат, синдикалната кошничка во ноември оваа година е зголемена за нови 772 денари во споредба со октомври.

Граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај а власта на Мицкоски и ДПМНЕ со погрешните економски мерки и политики не им помага туку им одмага, заклучуваат од СДСМ.