Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кос: Ќе направам се билатералните спорови да не стојат на патот на проширувањето

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека се залага во иднина билатералните спорови од минатото да не го попречуваат проширувањето на Западниот Балкан кон Европската Унија. Таа во воведното обраќање на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан: Обновен пристап кон регионот“ во организација на бриселскиот тинк тенк „Пријатели на Европа“ нагласи дека процесот на проширување ќе остане базиран на заслуги, особено во однос на владеењето на правото.

„Мојот сон е да ги имаме сите земји од Западниот Балкан во Европската Унија и да ги видиме отстранети границите и билатералните тензии, како што беше случај во многу делови од континентот, изјави Кос, додавајќи дека со отстранувањето на физичките бариери на раздвојување, многу историски тензии ќе се тргаат на страна“ Кос истакна дека процесот ќе бара соработка меѓу властите, опозицијата и граѓанскиот сектор.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, додаде дека има четири можни сценарија за проширувањето на ЕУ, со најдобар исход ако земјите кандидати ги исполнат условите и бидат примени во Унијата.